Програма на британската компанија „Дип мајнд” од областа на вештачката интелигенција, успеа да победи против двајца професионални гејмери во игрите на „Стар Крафт 2″, шах, Скрeбл и Го, објави списанието „Њу сајентист“.
Според претставникот на компанијата, Дејвид Силвер, ова е прв пораз во историјата на видеоигрите, на гејмери кои играле со вештачка интелигенција спроти себе.
Дип мајнд создале пет верзии на својата програма со вештачка интелигенција – „Алфа стар”. Тие били обучени, така што набљудавале видеозаписи на повеќе изиграни партии од луѓе. Потоа петте софистицирани програми биле соочени една против друга. Така, програмата која ги победила другите на урниот, потоа била поуспешна и од гејмерите Гжегож Коминч и Дарио Вунш, кои се рангирани, соодветно, на 13 и 44 место на светската ранг-листа.