Компанијата за производство на луксузни мобилни телефони „Верту“ го претстави својот најнов смартфон „Ти“ кој работи на Андорид оперативен систем.
Верту Ти поседува 3,7 инчен екран, 1,7 гигахерци дуал-кор процесор, камера од осум мегапиксели со можност за снимање фул видео записи од 1080 пиксели и Андроид оперативен систем.
Куќиштето на уредот е изработено од сафир и титаниум.
Цената на Верту Ти е еднаква на луксузот што го нуди уредот и изнесува 10.000 долари.