Линдзи Амон (60) од Корвнол во Велика Британија 26 години патува низ светот со распетие на неговиот грб и проповеда за Исус Христос на сите кои сакаат да го слушаат. До сега поминал 19 земји, вклучувајќи ги Нов Зеланд, Индија, Романија и Шри Ланка.
На патувањето имал неколку непријатности, но и покрај тоа што го нападнале и пукале во него во Бангладеш и што го исфрлиле од Плоштадот Св. Петар во Рим не планира да отстапи од својата мисија на која тргнал. Тој својот крст не го вади од 1987 година, а висок е три местри и во текот на денот го носи и до 12 часови. На крајот на крстот направил тркало за да си го олесни патувањето и никогаш не знае каде ќе преспие.
Дури еднаш го повикале да преспие во бордел и да им служи на проститутките, понекогаш преспива на автобуски станици, а најчесто преспива во вреќа за спиење и во дупките во земјата за тоалет.
Татко на две деца и социјален работник со хонорарна работа преживува од донатори кои му помагаат да остане посветен на својата улога на христијанин евангелист.
Повремено се враќа во неговиот роден град во Корнвол на работи и да ги плати сметките за неговото семејство. Сакал да ја напушти работата и да се посвети на аџилак, но нема доволно пари за тоа.
Понекогаш дури е и уплашен за својот живот. – Понекогаш се плашам за својот живот, имам жена и деца, но ако навистина веруваш во Господ тогаш знаеш и дека ќе те заштити, рече Амон.
И покрај непријатностите кои ги имал во текот на своето долго одење на аџилак, Амон го сака тоа што го прави и не се кае. Различни луѓе реагираат на различни начини.
– Многу луѓе сакаат да разговараат со мене, а ако не, јас само продолжувам понатаму. Љубовта која ја добивате од сите тие луѓе е неверојатна. Понекогаш ми нудат храна и место за спиење, рече Амон. Илјадници љубопитни ми приоѓаат да ме прашаат за крстот и јас се ракувам и се молам со нив, објаснува тој.
Амон во странските земји со луѓето разговара на англиски и многумина само го слушаат иако не го разбираат.
Се молам на англиски јазик. Некој некогаш и преведува тоа што го зборувам. Еднаш раскажував пред околу 30 луѓе и однекаде се појави едно момче кое се преведе. Кога завршив само исчезна, не знам ни кој е ни каде исчезна и тоа беше неверојатно, раскажа тој.
Амон моментално е во Англија каде се одмора и се подготвува за пат кон Летонија. Земји кои Амон засега ги посетил се: Белорусија, Бангладеш, Бугарија, Белгија, Германија, Нов Зеланд, Франција, Холандија, Ирска, Индија, Унгарија, Непал, Италија, Русија, Романија, Полска, Шри Ланка, Словачка и Велика Британија.