Вечерва Таксират по 14. пат

Од:

Во „Метрополис Арена” во Скопје вечерва ќе се одвива главната Таксират вечер. Четиринаесеттото издание на фестивалот стартуваше на 23 ноември, со позитивното дружење со 10-15.000 „таксиратџии” кои до сега беа дел од „ПИН” конференцијата и концертите на „Нувел Ваг” и „Суперхикс”. Но, најголемото лудило допрва не очекува со големото финале на ТАКСИРАТ 14! За оваа цел Таксират доаѓа целосно подготвен и во грижливо одбрана формација која ветува дека ова ќе биде едно од најжестоките изданија до сега.

Влезот за „таксиратлии” ќе биде отворен од 18 часот, додека програмата на „Таксират 14“ финалето стартува во 19 часот, со настапот на влијателната реге-икона Тања Стивенс, а забавата ќе трае сѐ до раните утрински часови со концертот на најдобриот македонски електро-артист Кирил Џајковски.

Конечно, денеска на сцената во „Метрополис Арена” во Скопје ве очекуваат значајни имиња од светската сцена кои првпат доаѓаат кај нас, но и најзначајните имиња од регионалната и домашната сцена. Честа да го отвори Таксират финалето, овојпат ја има влијателната реге-икона Тања Стивенс која доаѓа во Скопје директно од Јамајка, заедно со својот шестчлен бенд. Нејзиниот настап е во 19:00 часот, а веднаш по неа сцената е резервирана за енергичните британци „Скиндред”, официјално бендот со најдобри настапи во живо за 2011 година. Она што „Скиндред” ќе го приредат, ќе продолжи со македонската култна рап унија „Чиста околина” кои се враќаат после цели 11 години подготвени да направат „пуздер” на Таксират. По нив следи концертното лудило кое го најавија ска-панк бунтовниците од Шпанија „Че Судака” и експлозивното издание на регионалните рок херои кои доаѓаат од Србија – „Ван Гог”. Веќе после полноќ, сцената на „Метрополис Арена” го пречекува музичкиот феномен на современата сцена, таткото на електро-свинг звукот Паров Стелар, кој доаѓа во рамки на речиси целосно распродадената светска турнеја „The Princess”. Вистинското финале на „Таксират14“ ќе биде настапот на нашиот најзначаен музички артист, виртуозот на балканската електро сцена, Кирил Џајковски. На концертот на Таксират, кој воедно е и прва концертна промоција на неговиот најнов музички материјал, Џајковски доаѓа директно од Нова Каледонија каде го имаше својот последен настап на „Gipsy Jazz Festival”. Негови гости во Скопје ќе бидат извонредните ТК Вондер (TK Wonder) и МЦ Васп (MC WASP), подготвени за најенергичното затворање на големото Таксират финале.

На задоволство на сите „таксиратлии” годинава во акцијата „3+1″ која се спроведува во продажните салони на One низ Македонија, сите корисници на „ONE“ и „ЏаБест“ имаат ексклузивна можност за гратиси при групно купување на влезниците. Имено, за купени 3 влезници добивате една влезница гратис. Но, она што не смеете да го заборавите е дека се останати само уште 300 влезници за акцијата „3+1″!

Билетите за фестивалот сѐ уште се во претпродажба по цена од 600 денари, која ќе важи до денес до 18 часот. После тоа стартуваат влезниците со полна цена од 750 денари.

Важна информација за оние кои сѐ уште не ги набавиле своите влезници е дека денеска, поради празникот „Св. Климент Охридски”, „Југотон” во Г.Т.Ц. нема да работи, но ќе работат сите продажни салони на „One“, како и останатите продажни места од мрежата на „МКтикетс“.

Денеска ќе биде отворена и билетарата пред Скопски Саем, каде што од 11 до 18 часот влезниците ќе се продаваат по претпродажната цена, а потоа нивната цена ќе биде 750 денари.

Годинава ТАКСИРАТ ќе ја претстави и својата најголема сцена, ексклузивно опремена со посебно видео и „light” шоу, за комплетно и незаборавно искуство на страстните „таксиратџии”. Сѐ е подготвено за најдобрата фестивалска атмосфера, најжешките концерти и најдолгата забава која ќе трае до раните утрински часови. Влезот за посетителите во „Метрополис Арена” ќе биде отворен во 18 часот, а музичката програма стартува во 19 часот.

Би можело да ве интересира

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Шопен под отворено небо со Дино Имери

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје