Вечерва порамнувањето на пет планети со Месечината-што значи тоа?

Од:

Набљудувачите на ѕвездите ќе можат да ја гледаат спектакуларната планетарна парада со голо око кога Меркур, Венера, Марс, Јупитер и Сатурн ќе се порамнат со Месечината.

Ова е ретка можност да се набљудува небесниот спектакл кога петте планети се порамнуваат во иста линија со Месечината.

Од северната хемисфера, Меркур, Венера, Месечината, Марс, Јупитер и Сатурн ќе бидат видливи на пред зората, формирајќи крива линија.

Најсовршената формација ќе биде од 23 кон 24 јуни.

Ова порамнување се нарекува конјукција и ќе биде видливо со голо око.

Феноменот последен пат се случи во 2004 година.

Од јужната хемисфера се гледаат Меркур и Венера, додека меѓу нив ќе биде ѕвездата Алдебаран.

Алдебаран, арапскиот збор за „придружник“, е една од 15-те најсветли ѕвезди што можеме да ги видиме од нашата планета.

Има пречник 44 пати поголем од Сонцето и сјае со црвеникав сјај.

Ако останете будни за да ги гледате ѕвездите, прво ќе го видите Сатурн.Ќе се појави околу полноќ.

Неколку часа пред зори, Јупитер и Марс ќе бидат видливи. Венера ќе се појави во зори, а кога Сонцето ќе почне да изгрева, ќе следи Меркур.

Астролозите веруваат дека ова усогласување е значајно. Некои веруваат дека планетарните конјункции се поврзани со огромна промена во енергијата, доведувајќи го човештвото од воениот период до помирна точка на мир и хармонија.

Тоа значи дека злото што го мачи човечкиот род конечно ќе отстапи место на љубовта, прифаќањето и соработката, велат астролозите.

Би можело да ве интересира

Научниците открија повторлив радио сигнал од планета со големина на Земјата

ВИДЕО: Јупитер и Сатурн изгледаат како една сјајна ѕвезда, реткиот астрономски феномен видлив од вечерва

Жарко Настоски

Се урна легендарниот радио телескоп Аресибо во Порторико, заслужен за многу астрономски откритија

Жарко Настоски

На Венера има живот, претпоставуваат научниците

Жарко Настоски

Босанците крстија ѕвезда и планета по Босна и Неретва

Ана Ололовска

Предавања на Скопското астрономско друштво во Планетариумот

Ана Ололовска