Босанците крстија ѕвезда и планета по Босна и Неретва

Од:

Меѓународната астрономска унија Париз ги соопшти одбраните имиња за ѕвездата ХД-206610 и нејзината планета ХД-206610б, а за коишто гласале граѓаните на Босна и Херцеговина во рамки на конкурсот на светско ниво.

Гласањето е во склоп на прославата на стогодишнината на Унијата, па така БиХ гласаше за предложените вселенски тела од соѕвездието Водолија.

ХД-206610 е портокалов џин, ѕвезда оддалечена 482 светлосни години од Земјата. Го доби името Босона, а нејзината гасовита планета – Нарон. Тоа се латинските називи за реките Босна и Неретва.

Хрватите пак за своите ѕвезда и планета ги искористија старословенските божества Трибор (за ѕвездата) и Велес (за планетата).

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Научници го пресоздадоа гласот на древна мумија

Ана Ололовска

Предавања на Скопското астрономско друштво во Планетариумот

Ана Ололовска

Откриена најдлабоката точка на Земјата, три и пол километри под морското ниво

Татјана Ташкова

ВИДЕО: Мистериозен сигнал открива нов вид ѕвезден систем

Татјана Ташкова

Писмо на Ајнштајн од 1950 година на аукција во Ерусалим

Ана Ололовска

Јапонците разработуваат теорија за долговечноста

Ана Ололовска