Метеорски дожд познат како Ориноид, кој го создава најпознатата комета во историјата на светот-Халеевата, вечерва ќе го доживее својот максимум.
Најубавиот поглед би требало да се случи неколку часа пред зората, кога Земјата, без Месечината на небото, ќе ја погоди најчистиот дел од материјата која отпаѓа од Халеевата комета.
„Делови на прашина од кометата кои паѓаат во атмосферата би требало да ни дадат по десетина метеори на час“, рече Бил Кук, шеф на Канцеларијата за метеори во Вселенскиот истражувачки центар на НАСА во Алабама.
Орионидите се случуваат еднаш или два пати годишно, а дождот се создава од смрзнатите парчиња кои паѓаат од Халеевата комета.
Метеорскиот рој доби име Орионид бидејќи се смета дека потекнува од Бетелгез, втората најсјајна ѕвезда во созвездието Орион. Наназад оваа комета давала околу 20 метеори на час, меѓутоа најимпресивните роеви се случуваа во последниве децении.
„Од 2006. година Ориониди беа една од најдобрите метеорски дождови на годината, со по 60 или повеќе метеори на час“, рече Кук.
Халеевата комета се враќа во внатрешниот дел на Сончевиот систем на секои 75 години и доволно е сјајна за да може да се види со голо око. Последен пат имаше можност да се види 1986 година, а следниот пат ќе помине блиску до Земјата во 2061.година.