Вечерва финале на Макфест

Од:

Вечерва е финалето на Макфест 2013, а меѓу финалистите се најдоа Маја Вукичевиќ, Сања Лефкова, Боби Мојсовски, Кристина Арнаудова, Марија Бунда, Ангела Русо, Игор Митровиќ. Синоќешното полуфинале далеку од некогашниот Макфест, со релативно невпечатливи песни, со исклучок на две три, како таа на Маја Вукичевич,  Кристина Арнаудова, или на Игор Митровиќ – „За Крај“

igorMakfestЖелбата да се продуцираат повеќе хитови како на минатите фестивали по се изгледа ќе почека.

Организаторот на манифестацијата воопшто и не го промовира фестивалот како во изминатите години. На официјалниот Јутјуб канал, и воопшто никаде не можат да се преслушаат песните пред вечерашното финале, зашто ги нема. Сеуште најнови се песните од минатогодишниот фестивал во 2012 година.

Вечерва ќе бидат изведени 18 песни, 12 избрани од публиката и шест од стручното жири. Наградите како и секогаш ќе бидат поделени според гласовите на штипската публика.

 

Би можело да ве интересира

Со кревањето на фестивалското знаме, започна „Макфест“

Завршен изборот на композиции на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“

Триесет и шесто издание на „Макфест“

Песната „Сакам да живеам“ од Нокаут победничка на 35-то издание на „Макфест“

Ана Ололовска

Публиката со маски и дистанца го славеше 35-от роденден на „Макфест“

Ана Ололовска

Штип: „Макфест“ може да се одржи на отворено, „Пастрмајлијадата“ откажана

Жарко Настоски