Вакво шпиунирање на Фејсбук не го спречува ни најсилна лозинка

Од:

Милион Фејсбук корисници во светот се обидуваат да ги заштитат своите профили со комплицирани лозинки кои тешко се пробиваат, но ни најдобрата лозинка не може некого да заштити од неговите најблиски – партнерот, семејството и пријателите.

Истражувањето на научникот од Универзитетот во Британска Колумбија во кое учествувале над 1.300 луѓе покажало дека речиси една четвртина ги прегледуваат Фејсбук профилите на своите партнери, пријатели и членови на семејството, кога имале прилика за тоа.

Тие на компјутери и телефони имале пристап до сите информации од Фејсбук, вклучувајќи ги и приватните допишувања со други корисници, пишува Дигитал Журнал.

Исто така, 21 отсто од нив позитивно одговориле на прашањето дали некој од нивните најблиски го проверувал нивниот профил на оваа социјална мрежа без нивно знаење т.е. дозвола.

Проблемите најчесто настануваат кога лицето нема да се одјави од уредот од кој се логира на оваа мрежа, а кој го користат и други лица. Бидејќи на сопствените уреди многу корисници никогаш не се одјавуваат, доволно е некој да го употреби нивниот мобилен телефон или компјутер и да пристапи на нивниот Фесјбук профил.

На туѓи профили најчесто се пристапува од неколку причини: љубопитност, љубомора или корист, но повеќето корисници истакнуваат дека станува збор за забава, да ја променат профилната слика, статусот или да објават нешто смешно.

Освен силната лозинка, за што поквалитетна заштита на Фејсбук, корисниците треба секогаш да се одјавуваат од оваа мрежа на сите уреди, бидејќи никогаш не се знае во чии раце може да дојде.

Би можело да ве интересира

Фејсбук и Инстаграм се вратија, корисниците можат повторно да се логираат

Волстрит џурнал: Закерберг отпушта илјадници вработени од Мета платформс

Ана Ололовска

ФТ: Европски официјални лица побараа од Фејсбук и Твитер да затворат профили на повеќе од 100 руски амбасади и државни институции

Ана Ололовска

Твитер недостапен во Русија, проблеми и со Фејсбук и Инстаграм

Ана Ололовска

Фејсбук им забрани на руските државни медиуми реклами и монетизација на платформата

Ана Ололовска

Русија делумно го ограничи пристапот до Фејсбук

А1он