Утре започнува најголемиот саем за мобилни

Од:

Барселона утре ќе го отвори Мобајл Ворлд Конгрес 2013, најголемиот светски саем за мобилни технологии, на кој секоја година најголемите светски производители ги претставуваат најновите мобилни телефони, оперативни системи и мобилни решенија.

Фестивалот, под мотото „Истражете го новот мобилен хоризонт, ќе трае до 28-ми февруари во новиот објект Фира Гран Виа, кој е 50 отсто поголем од минатогодишниот. Годинава се очекува 70 илјади посетители.

На саемот ќе се претстават и неколку македонски развивачи на мобилни апликации.

Учесниците ќе имаат можност да го следат и Мобајл Ворлд Лајв Те-Ве каналот кој ќе се емитува во 100 хотели во Барселона во кои се сместени посетителите. Додека директорите и основачите на најважните играчи од оваа индустрија, како Сименс, Нокиа, Еј-Ти-Енд-Ти, Дојче Телеком, Ериксон, Водафон, Телефоника и многу други ќе имаат можност да дебатираат за иднината на индустријата, за клауд технологиите, за иднината на комуникациите и за продорот на мобилните технологии и нивнотот аплицирање во различни дејности.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска