Американската компанија „БиоЛајт“ пронајде начин како топлинската енергија од горењето дрва да ја претвори во електрична енергија за полнење на мобилни телефони или други преносни апарати.
Уредот „БиоЛајт Камп Стоув“ како гориво користи суви гранки и дрва, кои додека согоруваат во мал котел создаваат електрична енегрија за полнење на преносни апарати. Освен тоа, на него може да се направи јадење или да се загрее.
Освен за љубителите на природата и кампувањето, овој мини котел претставува одлично решение кога поради има прекин на електричната енергија.
„БиоЛајт Камп Стоув“ зафаќа многу малку простор и има големина како нормално шише вода од еден литар.
За сите што сакаат да кампуваат во природа и далечни недостапни места „БиоЛајт Камп Стоув“ може да се нарача преку Интернет по цена од 130 долари.