Во италијанскиот град Торино е изграден апартмански комплекс, чии ѕидови се прекриени со дрва, големи билки и шарени цветови.
Со ваквиот изглед на зградата, станарите на оваа петканицаа имаат чувство дека живеат во куќа на дрво среде џунгла.
Секоја постапка при дизајнирањето на оваа зграда е преземена со идеја да се обезбеди интеграција на природата во една урбана градска средина.
Органската и асиметрична форма на зградата им овоможува на растенијата да растат во различни правци, со што на станарите им е овозможен преубав простор за одмор и релаксација.
Вака дизајнирата зграда придонесува за прочистување на воздухот во целиот тој дел на градот, а густите билки ги изолираат станарите од секојдневната бучава и смогот.