Во Лос Анџелес е изградена несекојдневна куќа чиј изглед е инспириран од големите океански бранови и е совршен пример за тоа како една станбена структура може да претставува вистинско уметничко дело.
Куќата наречена „Вејв Хаус“ е двокатна градба чија фасада е прекриена со бел алуминиум и дрво од кедар. Структурата на куќата креира хармоничен амбиент со 12 метри долгите брановидни линии на екстериерот.
Еден од највпечатливите елементи на куќата е големата влезна врата изработени од даски за скејт, со што целосно се вклопува во амбиентот на градбата, кон која се надополнуваат и високите прозорци од подот до таванот и внимателно обработените површини, кои целосно се вклопуваат во блиското окружување.
На првиот кат е сместена пространа соба за дневен престој во која се вклопени и кујната и трпезаријата и од неа се пружа поглед кон пространиот двор и базенот. На овој кат се наоѓа и домашна кино сала.
На вторитот кат се сместени спалната соба декорирана во минималистички стил со светло сиви ѕидови и бели подови, како и детската соба во скандинавски дизајн со црно-бели тонови.