Швајцарскиот производител „L’Epée 1839“ во соработка со брендот „Kostas Metaxas“ го креираше прекрасниот часовик во форма на череп „ L’Epée 1839 Requiem By Kostas Metaxas“.
Часовникот поседува дисплеј за часовници во очните празнини,а направен е од леен алуминиум.
Понуден е во две варијанти, едната е црна со механизам од позлатен месинг и златна верзија од алуминиум со механизам од паладиум.
Часовникот се движи со помош на „1853 ХМД“ механизам до осумдневна резервна енергија.
„L’Epée 1839 Requiem By Kostas Metaxas“ е прв примерок во колекцијата на нови черепи на овој бренд.
Станува збор за лимитирано издание од по 50 примероци од двете верзии.