Unii.com конкуренцијата на Фејсбук

Од:

Се појави нова социјална мрежа Unii.com чии корисници засега можат да бидат само студентите од британските универзитети.

Создадена е во Велика Британија за студентите со цел нивната меѓусебна комуникација да се зачува во тајност и приватност. Моментно оваа мрежа можат да ја користат само студентите од британските универзитети преку официјалните имејл адреси на универзитетот на кој студираат.

Според британскиот весник „Метро“, најновата социјална мрежа би можела да стане сериозен конкурент на „Фејсбук“.

Авторите на Unii.com на своите идни корисници им гарантираат целосна приватност при користење на нивниот простор, што го сметаат како своја компаративна предност. Целта на оваа мрежа е студентите слободно со своите врсници да разговараат и да разменуваат мислења „без страв дека нивните родители ќе дознаат нешто во врска со тоа“.

Првиот човек на Unii.com Марко Нардоне истакнува дека оваа мрежа значи „дека се она што ќе се случува на универзитетот останува само таму“.

Би можело да ве интересира

Фејсбук и Инстаграм се вратија, корисниците можат повторно да се логираат

Волстрит џурнал: Закерберг отпушта илјадници вработени од Мета платформс

Ана Ололовска

ФТ: Европски официјални лица побараа од Фејсбук и Твитер да затворат профили на повеќе од 100 руски амбасади и државни институции

Ана Ололовска

Твитер недостапен во Русија, проблеми и со Фејсбук и Инстаграм

Ана Ололовска

Фејсбук им забрани на руските државни медиуми реклами и монетизација на платформата

Ана Ололовска

Русија делумно го ограничи пристапот до Фејсбук

А1он