Францускиот уметник Абрахам Поеншевал, ва рамките на еден од неговите перформсанси, три недели седел на јајца од кокошки затворен во стаклен терариум во парискиот музеј на модерна уметност, при што се испилиле десет пилиња.
Кога кон крајот на март, одлучил да се претвори во „кокошка“, уметникот се покрил со ќебе и почнал да „седи“ на јајцата, очекувајќи дека пилињата ќе излезат за 21 до 26 денови.
Поеншеван направил добра проценка. Првото пиле се испилило во вторникот, а останатите девет во четвртокот.