Градските власти во Париз најавиле дека во 13. кварт на левиот брег од Сена ќе се именува улица според познатиот музичар Дејвид Боуви. Таа ќе го носи името „Ру Дејвид Боуви“ (Rue David Bowie).
Се работи за новоизградена улица според планот за трансформација на квартот.
На 8 јануари се навршуваат осум години од смртта на музичкиот великан, кој почина како последица на рак на црниот дроб.