Пријатниот и удобен стан се наоѓа во Париз, а секоја соба има интересни детали.
Дневната соба е во централниот дел на станот, таа е пространа и обоена во сиви нијанси. Ентериерот на дневната соба декориран и со црвен мебел и додатоци кои даваат свежина на сивиот простор.
При дизајнирањето и уредувањето на кујната користени се неколку бои. Исто така има и табла за цртање со креда, а над масата има голем црн лустер.
Спалната соба исто така е голема и има лажни прозорци кои се потпираат на друга соба, има вградена ниша каде се наоѓаат слики и книги.