Во еден ден доживуваме 20.000 моменти, според добитникот на Нобеловата награда, Даниел Канеман. Тие траат по неколку секунди и мозокот ги регистрира. Дали ќе бидеме добро расположени или не, зависи од начинот на кој ги бележиме тие моменти – позитивен, негативен или неутрален.
Живот ќе ни биде поубав и поуспешен ако го научиме нашиот мозок позитивно да ги регистрира проблемите. Кога ќе се почувствуваме лошо, првиот чекор кон оптимизмот е благодарноста за она што го имаме. Психолозите советуваат дека секој ден треба најмалку 8 минути да поминеме замислувајќи слика што не прави среќни (саканата особа, најблиските, децата, егзотична плажа, време поминато со пријателите) и тоа ќе ни помогне да се справиме со секој проблем полесно.
Убавите мисли можат да го „измамат“ мозокот и да ги променат ставовите од „не знам, не можам, не сакам“ во „знам, можам, сакам“.
Ако и позитивното размислување не може да ни го подобри денот, тогаш психолозите ја препорачуваат техниката која е наречена „пет добри работи за една лоша“. Секогаш кога нешто негативно ќе ни се случи, потребно е неколку пати во денот да наброиме 5 работи што не израдувале. Лошиот ефект ќе биде ублажен, а по некое време и потполно потиснат.