Уапсен поранешниот сопруг на Бритни Спирс

Од:

Поранешниот сопруг на Бритни Спирс, Џејсон Александер бил уапсен за возење под дејство на алкохол и наркотици.

Според полициските извештаи, 39-годишниот маж е задржан во полиција во Нешвил, Тенеси, САД, при што одбил да даде крв за анализа. По тамошните закони, тоа е прекршок. Потоа Александер бил ослободен со кауција од 2.500 долари и обврска да се појави на суд за три месеци.

Инаку, Бритни Спирс и Џејсон Александер се пријатели од деца. Тој стана познат во 2004 година, кога се ожени и се разведе од неа за нецели три дена, поточно – за 55 часа.

Би можело да ве интересира

Бритни Спирс го обнови контактот со синот, не се виделе со години

А1он

Ќе се снима филм според мемоарите на Бритни Спирс

(ВИДЕО) Бритни Спирс: Ограбена сум

Предраг Петровиќ

Бритни Спирс ги демантираше информациите дека снима албум

Не може да се справи со новонастанатата ситуација: Добива остри критики по мемоарите на Бритни Спирс

Предраг Петровиќ

Бритни Спирс откри дека го абортирала детето на Џастин Тимберлејк: „Тој не сакаше да биде татко“