Филмот „Сага на Самракот – Зазорување 2“ е номиниран за 11 Златни малини, меѓу кои и за најлош филм, најлош главен актер и актерка – Кристен Стјуарт и Роберт Патинсон, најлоши споредни улоги – Тејлор Лаутнер и Ешли Грин.
Номинацијата заработи и режисерот Бил Кондон, а филмот има номинација и за најлоши филмски двојки, Стјуарт и Патинсон како и Лотнер и малата Мекензи Фој. Да не ја заборавиме и категоријата сценарио, продолжение и најлоши актерски екипи.
Во конкуренција за најлоши филмови се и „Battleship“, „Oogieloves“, „That’s my boy“ и „A thousand words“.
„Вампирот“ во категоријата за најлош актер се бори против Адам Сандлер („That’s my boy“), Тајлер Пери („Alex Cross“ и „Good deeds“), Николас Кејџ („Ghost rider: Spirit of vengeance“ и „Seeking justice“ ) и Еди Марфи („A thousand words“).
Пери е номиниран и во женската категорија за улогата Madee во филмот „Madea’s witness protection“, каде Кристен Стјуарт е номинирана и за „Самрак“ и за „Снежана и Ловецот“. Другите конкурентки се Кетрин Хајгл („One for the money“), Барбара Страјсенд („Hulit trip“) и МИла Јововиќ („Rezident evil: Retribution“).
Доделувањето на Златни малини ќе биде традиционално ден пред врачувањето на Оскар, односно на 23 јануари оваа година. Наградата „Златна малина“ е втемелена во 1980 година, како антинаграда на Оскарите. „Среќните“ добитници се бираат од страна на 650 членови на Фондацијата Златна малина врз основа на критиките на Интернет сајтот „Rotten Tomatoes“. ссм/10:15