Доколку сакате да имате приватност додека работите најдоброто решение најверојатно е Тутомио (Tuttomio), простор што наликува на фотеља.
Дизајнот е на Италијанецот Емануел Магини кој дизајнира за компанијата Кампеџи.
Магини е многу успешен дизајнер, неколкупати наградуван кој работел и за Дизни Италија како сценограф.
Неговиот Тутомио е мал заштитно катче каде може да пишувате, читате, да работите или едноставно да бидете сами. Тутомио на италијански значи – се мое. Кога еднаш ќе влезете внатре, надворешниот свет како да исчезнува.