Туркменистан може повторно да се пофали со уште една необична градба во неговиот главен град Ашхабад, односно зградата на аеродромот која има форма на сокол во лет, симболот на националната авиокомпанија.
Преубавата градба чини повеќе од две милијарди евра, а за изградбата била задолжена турската компанија „Полимекс“.
Зградата со пет катови, може да прими повеќе од 1.600 патници во еден час.
Претседателот Гурбангули Бердимухамедов изјави дека новите патнички терминали ќе имаат капацитет за 17 милиони патници, додека низ товарните терминали ќе можат да поминат 200.000 тони товар годишно.
– Со поволната географска положба, на крстосница на регионалните и меѓународните патишта, нашата земја има солиден транзитен потенцијал кој планираме да го оствариме до максимум, нагласи Бердимухамедов на отворањето на аеродромот.