Шпанските астрономи Карлос и Раул де ла Фуенте Маркос откриваат веќе втор „тројански астероид“ близу Уран, кој потоа го нарекоа 2014-YX-49.
Според научниците, астероидот е во орбитата на Уран веќе 60.000 години, а таму ќе остане и наредните 80.000 години. Должината на новооткриеното тело, слично како и првото, астероидот 2011-QF-99, изнесува неколку десетици километри.
Освен околу Уран, „тројански астероиди“ досега се откриени и близу Земјата (2016-HO-3), потоа – Марс, Јупитер и околу Нептун.