Трогателни зборови на 13-годишно девојче: Како мајката влијае на самодовербата на ќерката

Од:

Кога мајките се самопонижуваат пред своите ќерки, тоа го поттикнува самопрезирот и кај девојчињата. Дека ова е реален проблем и круг, кој мора да се прекине, го потврдуваат и искрените зборови на едно девојче.

Доув во рамките на една своја рекламна кампања организираше работилница за самопочитување во Калифорнија. Едно 13 годишно девојче привлече големо внимание меѓу мајките блогерки и деловните жени.

Работилницата ја водеше Џес Веинер, а таа беше посветена исклучиво на начините на кои семејството ги уназадува девојчињата.

Статистиката покажува дека шест од десет девојчиња престануваат да се занимаваат со тоа што го сакаат, бидејќи се оптоварени со изгледот, а родителите тоа можат да го променат.

Најинтимната вежба, која најмногу открива, беше кога Веинер побара од учесниците да ја напишат „семејната историја на гледање на телото“.

Учесниците прво требале да наведат листа на реченици, кои жените во нивниот живот, мајките, сестрите, пријателките ги изговараат во врска со својот изглед пред нив.

Потоа требало да напишат како секоја од тие реченици влијае врз нив, односно да ги изразат своите чувства.

На крајот напишале што би сакале да преземат поради тоа.

Следува задачата на 13 годишното девојче:

Мама: Морам на диета. Дебела сум. Имам грди места на лицето. Имам стомак. Поради тебе сум дебела.

Чувства: Се чувствувам тажно, бидејќи мислам дека телото на мојата мајка е преубаво.

Што треба да се преземе: Ќе отидам на трчање со тебе, за да се чувствуваш подобро.

Би можело да ве интересира

Австралија не се наоѓа таму каде што сите мислат

Емир Латифовиќ

Дали животните можат да предвидат земјотрес?

Емир Латифовиќ

Сопственикот на „Зара“ Амансио Ортега го симна Бил Гејтс од тронот како најбогат човек на светот

Емир Латифовиќ

218 години од првиот скок со падобран

Емир Латифовиќ

Петнаесет работи кои ги предвиде Бил Гејтс во 1999 година

Емир Латифовиќ

На денешен ден

Емир Латифовиќ