Тригодишно девојче поинтелигентно и од Стивен Хокинг

Од:

Тригодишната Елис Ејмос од Гилфорд во Англија е една од најинтелигентните деца на светот.
Нејзиниот коефициент на интелигенција изнесува 162, кој го имаат само најистакнатите интелектуалци.

Девојчето со тоа стана еден од најмладите членови на МЕНСА, здружение на суперинтелигентните луѓе, кој меѓу своите членови има само 18 деца.

Малата Елис, чии родители Виталиј и Татјана се со руско потекло, добро зборува англиски и руски, а во градинката се истакнува по читањето, пишувањето и рачунањето.

Во слободно време сака да чита приказни, да игра, слика и да прави рачни работи.

Со својот коефициент, Елис можеби го надминува и коефициентот на познатиот Стивен Хокинг, кој никогаш не го откри, но се претпоставува дека е некаде помеѓу 160 и 165.

Извршниот директор на МЕНСА, Џон Стивениџ изјави дека се воодушевени што Елис е дел од нивото здружение, бидејќи целта на здружението е и обезбедувањето на позитивно опкружување за талентирани деца, кои можат да се развиваат и да имаат корист од дружењето со други паметни деца во светот.

Би можело да ве интересира

Тригодишниот Мухамед Хариз – најмлад член на Менса

Ана Ололовска

Австралија не се наоѓа таму каде што сите мислат

Емир Латифовиќ

Дали животните можат да предвидат земјотрес?

Емир Латифовиќ

Сопственикот на „Зара“ Амансио Ортега го симна Бил Гејтс од тронот како најбогат човек на светот

Емир Латифовиќ

218 години од првиот скок со падобран

Емир Латифовиќ

Петнаесет работи кои ги предвиде Бил Гејтс во 1999 година

Емир Латифовиќ