Триест и три години од појавата на првиот персонален компјутер

Од:

Компанијата Ај-Би-Ем на 12 август 1981 година го пушти во продажба првиот персонален компјутер по цена од 1.565 долари, со што почна неговата масовна употреба за домашни цели.

Моделот 5150 имаше Интелов процесор со брзина од 4,77 мегахерци, 16 килобајти меморија и монохроматски екран од 12 инчи.

Персоналецот на Ај-Би-Ем во тоа време беше најмалиот и најевтиниот компјутер претставен некогаш и претставуваше основа за понатамошниот развој на персоналните компјутери.

За споредба на карактеристиките на моделот 5150 со современите смартфони, би биле потребни околу 419.000 такви компјутери за да се достигне меморијата на Самсунг Галакси С5.

Според тоа, би биле потребни речиси половина милиони персонални компјутери од 1981 година за корисниците да добијат иста меморија како и денешните смартфони.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска