Благодарение на долгите раце може внимателно да извршува повеќе од 10 спасувачки операции, вклучувајќи сечење, кршење, проширување. Се движи со помош на алтернативни тркала и подвижни ленти, а работи на комбиниран погон од бензин и струја. Роботот-спасувач, тежок 30 тони, е промовиран во кинеската провинција Џиангсу.
Роботот е нов изум во државниот научно-технолошки проект, произведен од Кинеската академија за машински науки и технологии, Универзитетот во Пекинг за воздухопловство и космонаутика, Универзитетот во Џеџианг и производителот на тешки машини „Бада“ во Џиангсу.
– Роботот може ефикасно да биде применет во спасувачки акции во подрачја погодени од земјотреси, а може да се користи и за уривање на згради, изјави претседателот на Управниот одбор на компанијата „Бада“ Чен Лиминг, додавајќи дека врз него треба да се извршат уште тестови во траење од 1.000 часови.