Американската Академија за филмски уметности и науки го објави списокот со девет филмови од неанглиско говорно подрачје, од кои ќе бидат одбрани петте претенденти за наградата Оскар во категоријата „Најдобар странски филм“.
На скусениот список влегоа филмовите „Љубов“ (Германија, Франција, Австрија), „Кралски дела“ (Шведска) „Недопирливи“ (Франција), „Кон-тики“ (Данска, Велика Британија, Норвешка), „Воена вештерка“ (Канада), „Не“ (Чиле), „Зад ридовите“ (Романија), „Бездна“ (Исланд) и „Сестра“ (Швајцарија).
Во конкуренција беа 71 филм, меѓу кои и македонскиот „Трето полувреме“.
Специјална комисија ќе ги избере петте номинирани од 4 до 6 јануари. Номинациите за „Оскар“ во сите категории ќе бидат соопштени на специјална церемонија во Лос Анџелес на 10 јануари 2013 година.