Македонскиот кандидат за Оскар, филмот „Трето полувреме“ на Дарко Митревски, ќе почне да се прикажува во киното „Милениум“ во Скопје и во киносалите низ цела Македонија од 27-ми септември.
Филмот имаше премиерни проекции на отворањето на фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола.