Во Стар Дојран вечерва ќе се одржи третото издание на Д-Фестивалот, уникатниот музички хепенинг кој прерасна во симбол на незаборавно концертно доживување.
Целовечерната забава на дојранското крајбрежје,во организација на Пасворд Продакшн и Антена 5 Радио, ќе привлече голем број фанови на летниот фестивалски дух, а гаранција дека годинава не очекува можеби најпозитивното издание доаѓа со исклучителните музички имиња што го потврдија настапот, како што се Дубиоза Колектив и Амарисзи.
Покрај нив ќе се претстави и бендот од Тетово, Conguering Lion, гарантирано носи добра енергија и неодолив реге ритам. Еден од бендовите кој сигурно ќе ја освои публиката на Д-Фестивалот е холандскиот бенд, Amariszi кој во својот музички израз ги комбинира балканските музички влијанија на исклучително интензивен начин со микс на поп, реге и фолк.