Нова научна студија укажува дека иновативниот психолошки третман под името „тренинг на конкретност“ би можел да ја намали депресијата за само два месеци.
Научниците од Универзитетот Ексетер велат дека новата техника може да се спроведува и како терапија за самопомош.
Тренингот на „конкретно размислување“ е новитет на полето на психолошка помош за заболените од депресија, бидејќи учејќи сосема нов стил на размислување депресивните пациенти значајно ја подобруваат состојбата на својата психа.
Експертите укажуваат дека лицата кои страдаат од депресија имаат тенденција кон штетно и апстрактно размислување и генерализирање на негативните мисли.
На пример, една единствена грешка која ќе ја направат, за нив е доказ дека се бескорисни во се, а „тренингот на конкретност“ (CNT) е новитет чија цел е токму таа наклонетост.
Новата студија исто така докажала дека повторувањето на CNT вежбите му помага на лицето да го промени својот начин на размислување.
CNT ги учи луѓето како да бидат поконкретни додека размислуваат за проблемите, при што потешкотиите ги гледаат пореално, се подобрува вештината за решавање проблеми, се намалуваат грижите и депресивното расположение.
После шест месеци, студијата со 121 лице покажала дека CNT значително ги намалува симптомите на депресија и тешкотии и оти на заболените со длабока депресија им преминала во блага.
За разлика од техниките на релаксација кои исто така можат да ја ублажат депресијата, CNT значително го намалува негативното размислување типично кај депресивните.
Професорот Едвард Воткинс од Универзитетот Ексетер вели дека со насочување на стилот на размислување може ефикасно да се влијае на лекувањето депресија.
Тренинг на конкретност бара минимален конктакт лице во лице со терапевтот, може да се спроведува и он лајн, по пат на паметни телефони, така што станува и еден поевтин начин на терапија која себе можат да си ја дозволат поголем број луѓе.