Сега на патување можете да го понесете својот кревет, заедно со столицата и масата, просторот за личните работи и местото за велосипедот и сето тоа убаво спакувано во орман, кој може да биде пренесен во вашето возило.
„Травелбокс“ е креација на австриската дизајнерска фирма „Јuust“ и е спакуван мебел во алуминиумска кутија креирана за патувања.
Кутијата е долга два метра, 1,20 метри широка, длабока 40 сантиметри и тешка 60 килограми. „Травелбокс“ е наменета за човек кој често патува и не поседува ништо освен основните и најпотребните работи, кои лесно може да бидат транспортирани од едно до друго.
Во кутијата има минималистичка маса во дански стил, платформа за кревет, двојна јога, перници, постелнина, столица и велосипед. Самиот „травелбокс“ се подигнува и служи како собна преграда со вградена шипка и полици.