Долж една пешачка патека во швајцарските Алпи се наоѓа современ семен дом, кој првично претстaвувал амбар.
Трансформацијата на амбарот во дом е дело на швајцарскиот архитект Армандо Руинели, кој една стара и неискористена структура претвори во семејна резиденција во која се спојуваат убваи, традицонални и современи елементи и која нуди комфор карактеристичен за секоја современа куќа.
Куќата, која се наоѓа крај стрмна падина, има три ката. На првиот кат има кујна, дневна соба за гости и помошна просторија, кои се организирани околу централните скалила и каминот.
На втроиот кат има салон со камин и трпезарија, додека на третиот кат се спалните соби. Ентериерот се состои од модерен мебел со неколку индустриски додатоци.
Во целата градба доминира бетонот во комбинација со дрво и камен, што на куќата и два едноставен и до некаде современ изглед, но сепак се задржува основата рустикална карактеристика на објектот.