Трамп привремено ја напушта Белата куќа

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп не е задоволен со клима уредите во Белата куќа, а за тоа го обвини претходниот претседател Барак Обама.

Поради тоа, Трамп, како што најави, во август ќе ја напушти Белата куќа и ќе оди во своето одмаралиште во Њу Џерси, пренесе агенцијата АП.

Трамп изјави дека кога оди во Бедминстер, Њу Џерси, „тоа никогаш не е одмор“ и дека со задоволство би останал во Белата куќа. За тоа време работниците ќе ги поправат клима уредите.

Администрацијата на Обама направи нов клима систем во западното крило, иако системот претходно беше одличен, тврди Трамп.

– Сега кога го сменија системот или е ладно или е жешко, рече американскиот претседател.

Би можело да ве интересира

Трамп: Кина, Русија и Северна Кореја не се непријатели ако имате паметен претседател

Трамп повика на ослободување на обвинетите за нападот на Капитол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Навреди, обвинувања, Бајден несигурен, Трамп агресивен – прв претседателски дуел

Катерина Ѓуровски

Трамп: Странците кои ќе дипломираат на универзитет во САД треба веднаш да добијат „Зелена карта“

Трамп: Зеленски е трговец, секогаш кога доаѓа во САД, тој си заминува со 60 милијарди долари

На Европа и се заканува „Трамп моментот“: Зошто изборите во ЕУ се многу важни

А1он