„Тошиба“ создаде хуманоиден робот

Од:

На саемот за електорника ЦЕС, „Тошиба“ го претстави својот најнов изум, хуманоидниот робот, шармантната Аико Чихиру која работи за компанијата.

Овој робот е опремен со 43 мотори кои и овозможуваат да функционира, а зборува јапонски, англиски и го знае јазикот со знаци, а може да зборува и француски за неколку минути доколку таа или нејзините творци го сакаат тоа.

На нејзиното лице се гледаат чувства, а движењата и се релативно природни, кожата е слична на вистинска и таа во целост остава добар впечаток дури и ако и се приближите на околу два метри.

Таа 32 годишничка е облечена во фустан кој што е дополнет со накит и би можела да ја извршува работата на хостеса во некоја бизнис зграда или да работи како преведувач на јазикот со знаци.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска