Британскиот Top Gear сега доби и официјална потврда дека е најгледана емисија на светот. Имено таа легендарна емисија веќе е во Гинисовата книга на рекорди.
Ова шоу се гледа во 212 земји во светот.
„Горд сум што учествувам во создавањето на ваква емисија“, изјави водителот на Top Gear, Џереми Кларксон.
Инаку од почетокот на реемитувањето на серијата од 2002-ра година, Top Gear имаше 147 епизоди, а нивната Facebook страна 12,1 милион лајкови.
Во 2005-та Top Gear ја освои меѓународната награда Еми, додека британскиот Канал 4 во 2009-та ја прогласи за најдобра емисија на деценијата.