Топ 5 кинески паметни телефони до 200 долари

Од:

На пазарот на смартфони постојано се појавуваат нови модели. Ова го отежнува следењето на сите оние уреди, кои вреди да се видат.

Ова се пет кинески паметни телефони од оваа година, што можете да ги купите за 200 долари.

Xiaomi Redmi Note 5

Процесор Qualcomm Snapdragon 636 во конфигурација со 3 GB RAM и 32 GB внатрешна меморија – има и верзија 4/64 GB. Овој модел не е погоден за луѓе кои се восхитуваат на компактните уреди. Има 5,99-инчен IPS дисплеј со резолуција од 1080 x 2160px (FHD +).

Xiaomi Mi A2 Lite

Паметниот телефон е базиран на оперативниот систем Android One. Располага со 5,84-инчен дисплеј FHD + и Qualcomm Snapdragon 625 со 3 GB RAM и 32 GB внатрешна меморија.

Lenovo S5

Смартфонот е опремен со 5,7-инчен екран. Соодносот на страните е 18: 9 инчи, додека резолуцијата е 2160×1080 пиксели. Куќиштето е целосно алуминиумско.

Lenovo S5 е базиран на Snapdragon 625 во конфигурација со 3 GB RAM и 32 GB внатрешна меморија.

HUAWEI Y7 Pro 2018

Y7 Pro ќе ве воодушеви со убав екран и метално куќиште. 5,99-инчниот екран има резолуција од 1440 x 720 пиксели. Предната „селфи“ камера од 8 мегапиксели. Од задната страна наоѓаме сензори од 13 + 2 MP.

Смартфонот е опремен со процесор Qualcomm Snapdragon 430 во комбинација со 3/32 GB меморија.

Lenovo K5 Play

Lenovo добива на моментум. Овој модел ќе го привлече вашето внимание со Qualcomm Snapdragon 430 во комбинација со 3 GB RAM и 32 GB внатрешна меморија.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

Познавачите предвидуваат: Паметните телефони ќе исчезнат за 10 години

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска