Топ 10 најголеми измами кои го одбележаа почетокот на 20 век

Од:

Некои измами се толку многу добро изведени, а нивните актери толку уверливи, што ќе останат забележани во историјата. Телеграф ви ги претставува најголемите измами во периодот од 1900 година до 1929 година.

Измами и измамници сите мразат. Поточно, сите они кои се излажани, додека многу измамници многумина ги доживуваат како урбани херои и досетливци, со кои често би се менувале. Постојат измами кои заради својата инвентивност останаа забележани во историјата, заедно со нивните протагонисти. Ви претставуваме некои од најдобрите измами меѓу 1900 година до 1929 година.

10. Ворчестерска авионска измама

Авионите биле реткост, а пилотите многу почитувани. Да се направи интервју со некој од нив претставуваше вистинска новинарска ексклузива. Во желба за слава многумина лажно се претставувале и раскажувале за успешните летови.

Еден од нив, Валас Тилингхаст бил потпретседател на фабрика во Масачустес и пилот. Во декември 1909 година локалните весници објавиле дека Тилигхаст направил најмодерно летало, кое достигнува брзина од 195 километри на час и може да пренесе тројца патници. До тогаш, најголемото достигнувањето го постигнале браќата Рајт во 1903 година и Луи Блеро кој го прелетал Ламанш во 1909 година.

Кон крајот на 1909 година неколку весници во САД ја пренесоа веста дека Тилингхаст успеал да крене авион и дека покрај проблемите со моторот, кои наводно ги решил на 4000 метри, слетал безбедно.

Новинарите сакале да го видат единствениот еднокрилец, но тој одбил да открие какви било докази или детали од летот, правдајќи се дека се плаши дека некој ќе му ја украде идејата. На крајот се согласил да го покаже своето летало во февруари 1910 година.

Февруари дојде и помина, а леталото никој никогаш не го видел. Иако Тилингхаст никогаш не ја признал својата измама, директорот на Аеро клубот Нова Англија, целиот потфат го нарече фијаско и истакна дека Тилингхаст никогаш не седнал во авион, а камоли да лета со него.

9. Капетан од Кепеник (1906 година)

105598749

Во октомври 1906 годна невработениот германски чевлар Вилхем Фоит направил историска измама.

Облекол војничка капетанска униформа, која ја купил во продавницита за користена стока, излегол на улица и го препречил патот на група војници. Ги застанал и одмарширал со нив до Градското собрание на Кепеник (предградие на Берлин). Таму ги уапсил градоначалникот и благајникот и ги обвинил за измама.

Исто така украл и четири илјади марки пред да исчезне. Девет дена подоцна Фоит е уапсен и осуден на четиригодишна казна затвор. Пуштен е после само две години кога германскиот кајзер Вилхелм го помилувал.

8. Дреднот измама (1910 година)

Во февруари 1910 година принцот од Абинисија и неговата жена се качиле на дреднот на британска морнарица, најмодерен борбен брод во тоа време. И покрај тоа што екипажот на бродот бил изненаден од посетата, капетанот на бродот успеал да го задржи персоналот на висина на задачата и принцот бил почествувал со укажаното почитување на Морнарицата.

Во следниот час принцот и неговата придружба прошетале по бродот, со што сите биле пријатно изненадени. Принцот е испратен од бродот со звуците на британската химна.

Следниот ден капетонот на бродот дознал дека принцот воопшто не го посетил бродот. Целата дружина всушност биле банда измамници од висока средна класа, кои биле облечени во автентична гардероба. Тие испратиле лажно известување за нивното доаѓање, кусо пред да пристигнат, во кое сите на бродот поверувале.

Мајтапџиите биле идните членови на Блумсбери групата уметници и писатели, меѓу кои и Вирџинија Вулф.

7. Случај крастава жаба (1926)

Австрискиот научник Пол Камерер бил заговорник на теоријата наречена ламаркијанизам, која пропагира дека лице кое има наследни физички дефекти како што е поткривнување со нога, може да има драматични последици за еволуцијата.

За да ја докаже неговата теорија Камерер спроведе експеримент. Повеќето крастави жаби имаат црни, перутави топчиња на нозете кои им помага полесно да се задржат на мокри површини. Камерер наведе дека еден вид крастави жаби ги немаат, затоа што живеат само на копно и поради тоа не требаат делови кои ќе ја спречуваат да се лизга. Тој верувал дека тие израстоци ќе се појавиле ако таа се парела со другите жаби кои живеат во водата.

После неколку години обиди да го развие новиот вид, која би била „унапредена“ во однос на своите сродници тој објави дека тоа напосле му тргнало од рака и дека на краставите жаби им се појавиле израстоци кои тие инаку ги немаат.

Меѓутоа, кустосот на Американскиот природнонаучен музеј доктор Г.К. Нобл го истражил Камереровиот експеримент и откри дека новата генерација крастави жаби сепак нема црни дамки и дека Камерер само вбризгал мастило во кожата на жабите.

Прогласен за измамник, тој наведе дека е невин и дека лабораториските техничари тоа го наместиле.

Камерер поради овој немил инцидент си го одземал животот.

6. Училиште за десумбрационизам (1924)

Американскиот автор Пол Џордан Смит одлучил да се забавува откако сликите на неговата жена се наишле на остра критика. Еден ден во 1924 година земал четкичка и платно во раце и нацртал човек кој држи банана. Таа вечер легнал да спие како Смит, а се разбудил како рускиот уметник Павел Јерданович.

Во текот на 1925 година Смит под лажно име изложувал слики на изложби на самостојни уметници. На критичарите им се допаднала убавата слика и дури го споредувале со Гоген. Јерданович наскоро стана многу познат и ценет уметник, а тврдел дека е основач на Десумбрационистичката уметничка школа.

После четири слики и низа пофалби и поддршки, Смит се заситил. За весникот Ел Еј Тајмс ја признал својата измама во 1927 година. Прогласен е за измамник и плагијатор.

5. Воздржаната Сју (1907)

Театарот Хамерстајн Викторија на Бродвеј рекламирало жена под името Воздржана Сју, која наводно се појавувала на сцената во паузите на претставите. Рекламниот предизвик ги повикуваше насобраните да ја насмеат Сју и да ја носат дома за една илјада долари.

Луѓе доаѓаа од сите страни на Америка во обид да ја насмеат Сју, но никој не успеал во оваа намера. Наредната сезона рекламата е повлечена. Тогаш и само тогаш огласувачите признале за измамата. Воздржаната Сју патела од фацијална парализа и целата измама била направена со цел луѓето да измислуваат што поинтересни шеги, кои после би биле искористени за претставата.

4. Мистериозни откритија во Глозел (1924)

Селанецот Емили Фрадин (17) обработувал мало парче земја во централна Франција и едно жешко попладне му рекол на својот дедо дека нашол подземна комора со мистериозни артефакти. Наскоро локалниот археолог Антонин Морле дошол да го види пронајденото. Внатре во комората биле разни работи, од стаклени цигли до човечки коски, а тука исто така, се наоѓала керамичка табла и на нејзе испишано нешто на непознат јазик.

Веста за пронајдокот се проширила по цела Франција. Интернационалниот археолошки институт го посетил локалитетот и утврдил дека артефактите се лажни. Меѓутоа за неколку месеци група други археолози утврдиле дека артефактите се вистински остатоци од неолитскиот период. Негирањето и потврдувањето продолжи се до 1980 година, а во текот на ова време Фрадин успешно ги тужел официјалните лица на музејот Лувр за клевета, а него го обвинија за измама.

Ако би се утврдило дека пронајдоците се автентични би можело да водат до прекројување на историјата, затоа што би постоел доказ за западен алфабет што би дало повод за мислење дека централна Франција била појдовна точка на човечката цивилизација.

Артефактите припаѓале на различни епохи и не било лесно да се утврди дали во прашање е измама или не.

Вистина е дека експертите и понатаму имаат поделени мислења. Фрадин почина во 2010 година на 103 години. Секогаш тврдеше дека таблата и артефактите се вистински и легитимно пронајдени и никој никогаш не успеал да го убеди во спротивното.

3. Паника на радио Би-Би-Си (1926)

Кога Би-Би-Си издаде соопштение за уличните немири на 16 јануари 1926 година никој не се посомнева во веродостојноста на известувањето. Незадоволната маса невработени кршеле и уривале по улиците на Лондон, оставајќи хаос позади себе. Националната галерија беше ограбена, Хотелот Савој уништен, Биг Бен отшетен, а министерот за транспорт висел на бандера. Ова беше револуција во живо која беше пренесувана на радио, додека во позадината зад гласот на водителот можеле да се слушнат повици и експлозии.

Луѓето почнале да паничат, ги напуштале своите домови и ја повикувале власта. Меѓутоа, ова всушност била шега на новинарите од Би-Би-Си: со оглед на тоа дека никој не обрнувал премногу внимание на тоа што се случува на улиците, поверувале дека во градот има демонстрации и немири.

2. Чудесното наследство на Френсис Дус

Френсис Дус бил почитуван антиквар со огромна колекција на книги, цртежи и артефакти. Кусо време работел во Музејот на Британија, но имал тежок карактер и не се согласувал добро со колегите, а за административните должности зборувал дека го ограничуваат.

Дус починал 1834 година оставајќи завидна колекција зад себе. Во неговиот тестамент барал, кутијата со незавршените ракописи и неколку ретки текстови да се донират на музејот под едно услов, да останат запечатени 66 години после неговата смрт.

Доверителите на музејот ги чекале сите тие години и кутијата ја отвориле дури во 1900 година очекувајќи драгацени раритети. На никој не им било важно зошто Дус инсистирал на толку чекање.

Освен неколку скици и искинати книги немало ништо од културна важност. Кутијата е префрлена во Бодлеин библиотеката во Универзитетот Оксфорд 1930 година.

И речиси сто години после неговата смрт, Дус и понатаму се поигрувал со јавноста.

1. Колевка на длабочините

Џоан Ловел имала детство какво што може само да се посака, затоа што од првата до седумнаесетата година од животот живеела во странство и крстосувала по морињата со нејзиниот татко. Нејзиниот живот бил преполн со авантури: еднаш со харпун фатила кит, често играла покер во соблекување со екипажот на бродот, а препливала и до брегот на Австралија носејќи три мачиња на нејзиниот грб.

Сите авантури се забележани во нејзината автобиографија „Колевка на длабочините“ за која добила 50.000 долари.

Книгата наишла на позитивни коменари, но имало и такви кои не верувале во оваа неверојатна приказна.

Се покажало дека таа пораснала на Беркли во Калифорнија и неколку пати била на море, но само на куси одмори.

Ловел секогаш тврдела дека книгата 80 отсто е оригинална, а дека си дозволила себе си уметничка дозвола, затоа што во спротивно книгата би била здодевна.

Би можело да ве интересира

Австралија не се наоѓа таму каде што сите мислат

Емир Латифовиќ

Дали животните можат да предвидат земјотрес?

Емир Латифовиќ

Сопственикот на „Зара“ Амансио Ортега го симна Бил Гејтс од тронот како најбогат човек на светот

Емир Латифовиќ

218 години од првиот скок со падобран

Емир Латифовиќ

Петнаесет работи кои ги предвиде Бил Гејтс во 1999 година

Емир Латифовиќ

На денешен ден

Емир Латифовиќ