Тони Михајловски во „Споменик на Мајкл Џексон“

Од:

Екипата на филмот „Споменик на Мајкл Џексон“, српско-германско-македонска копродукција“ наскоро ќе го продолжи снимањето во Македонија.

Филмот е второ авторско дело на сценаристот и режисер Дарко Лунгулов, кој со својот претходен филм „Таму и овде“ ја доби наградата за најдобар дебитантски филм на Филмскиот фестивал Tribeca во Њујорк.

Со новиот проект Лунгулов победи на минатогодишниот „Манаки скрипт корнер“ за најдобро сценарио. Филмот доби финансиска поддршка од Филмскиот фонд на Македонија и од Европскиот филмски фонд Еуримаж.

„Споменик на Мајкл Џексон“ е црна комедија инспирирана од несекојдневниот и необичен тренд на изградба на споменици на холивудски херои и поп-икони на Балканот (Брус Ли, Роки, Тарзан…..). Но, пред се, тоа е филм кој зборува за бизарноста на нашето секојдневие, за расизмот, насилството и неприфаќањето на се што е ново и различно од нашето опкружување, низ неколку шармантни и необични ликови, информираат македонските продуценти на филмот „Дрим фактори“ и „Ака филм“.

Во актерската екипа се Драган Бјелогрлиќ, Мирјана Карановиќ, Борис Трифуновиќ и македонските актери Тони Михајловски и Петар Мирчевски. Директор на фотографија е Матијас Шоенинг, сценограф е Кирил Спасевски, костимограф Зора Мојсиловиќ и снимател на звукот Игор Поповски.

Би можело да ве интересира

Промоција на книгата „Милчо Манчевски“ и проекција на „Прашина“ во Кинотека

Предраг Петровиќ

„Бруталист“-апсолутен добитник на Златен глобус

Предраг Петровиќ

Курт Расел за The Hateful Eight: Морав да станам сосема нова личност

Предраг Петровиќ

Снимањето на серијата за Хари Потер започнува следната година: „Нова актерска екипа“

Предраг Петровиќ

Проекција на филмот „Божиќното танго“ во режија на Никос Кутелидакис

„Лиминални простори-лиминални тела“ – проекција на краток филм и изведба на танцов перформанс во Охрид