Компанијата „ТомТом“ претстави два спортски рачни часовници опремени со ГПС уред, наменети за пазарот на фитнес опрема.
ТомТом Ранер нуди голем број апликации за мерење и следење на активностите на корисникот, а може да се употребува и во вода на длабочина до 50 метри.
Часовникот ТомТом Мултиспорт ги нуди истите можности и при возење велосипед, а има и специјален режим на работа наменет за пливање. Двата часовници имаат ГПС уред и Блутут.
Софтверот „Графикал Тренинг Партнер“ ќе им помогне на корисниците да го следат својот напредок и совети за подобрување на својата форма.
Продажбата на новите ТомТом часовници се очекуава да почне од ова лето, а цената се уште не е позната.