Том Одел за прв пат во Скопје

Од:

Музичката сензација на новата генерација, вонсериски талентираниот и наградуван британски кантавтор Том Одел кој во моментов е на светска турнеја на која го промовира својот трет студиски албум „Jubilee road“, ќе го видиме за прв пат во живо и во Скопје, оваа среда во МКЦ, соопштија од Младинскиот културен центар.

„Том Одел вниманието на јавноста го сврте уште со неговиот прв албум „Long Way Down“ во 2013 година. Следната, 2014 година година Том Одел добива и награди за авторско достигнување, меѓу кои и „BRIT“, „Critic Choice“, но сепак најголемата награда за неговата работа стигнува од публиката- повеќе од успешни настапи на некои од најголемите светски фестивали: „Glastonbury“, „Coachella“, „T In The Park“, „Sziget“, „Exit“, како и распродадени шоуа ширум светот, што се потврда дека и со сите негови песни успева да допре до публиката и дека е на вистинскиот пат да стане голема музичка ѕвезда.

Промоцијата на третиот албум „Jubilee road“ кој излезе во октомври минатата година, ја почна со објавување на синглот „If you wanna love somebody“, а потоа следеше и со видеозапис за истиот, а на одлична реакција наиде и песната „Half as good as you“, која ја сними со својата долгогодишна пријателка и соработничка, популарната Алис Мертон.

Неодамна објави и уште еден видео спот, со кој публиката ја запозна со новиот албум „Jubilee road“. Станува збор за песната „You are gonna break my heart tonight“.

По распродадените концерти во Северна Америка и Канада, Том Одел се врати во Европа, каде прва станица му беше Глазгов, а потоа следеа два распродадени концерти во Белфаст и Даблин. Во почетокот на ноември минатата година, после вкупно 12 конецрти во Англија, турнејата се пресели во Германија и во останатите земји низ Европа, како Франција, Полска, Чешка, Белгија, Литванија, Латвија, Финска, Русија, Украина, Словенија, Хрватска, Србија, Унгарија, Бугарија, Романија, Македонија и Турција“, се вели во соопштението од МКЦ.

Скопскиот концерт на Том Одел ќе го отвори Том Спеигт, а билетите се` уште можат да се набават исклучиво преку продажната мрежа на Авалон низ Македонија и онлајн, посочуваат од МКЦ.

Би можело да ве интересира

Настап на Дуња Иванова и концерт посветен на Кире Костов во изведба на Биг бендот на фестивалот „Крај Вардарот Џез“

АРЕА подготвени за акустичното, музичко уживање во Филхармонија

Концерт за сите љубители на класичната и фламенго музиката, со гости од САД и Полска

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

(ВИДЕО) Бреговиќ со порака до македонската публика

А1он

„Бескрај“ – концерт со виолинистката Албена Данаилова