Научници од Лабораторијата за млазни мотори на НАСА во Пасадена создадоа нов материјал, којшто ќе може да се послужи како заштита за астронаутите и вселенските летала од вселенска радијација, пишува рускиот весник „Лента“.
Новата ткаенина е покриена со мали сребрени плочки. Едната страна на материјалот прима топлина, додека другата ја рефлектира светлината. На тој начин може да се создаде изолација од вселенските зраци и други надворешни влијанија.
„Ткаенината” е создадена со помош на 3Д технологија, а како суровина се користени стопени полимери и метален прав. Месецов физичарите од Универзитетот на централна Флорида дојдоа на идеја да се додадат и композитни материјали од т.н. водородна астероидна глина, која ќе значи и подобра заштита, од алуминиумот, на пример.