The Monotupe Recorder е публикација која фирмата Monotype почнала да ја издава во 1902 година, а на пазарот била преку 70 години.
Оригиналниот Recorder со типографија најмногу се занимава од технички и историски аспект. Лондонскиот огранок на Monotype неодамна се одлучи на „оживување“ на The Recorder.
Се обидуваат делумно да се дистанцираат од старите изданија и фокусот на технологијата да се префрли на визуелна култура. Првиот број е посветен на сместување на типографијата во широк културен контекст. Се занимава со се поприсутно влијание на типографијата во нашите животи – од улични знаци до научно-фантастични филмови.
Една од темите е и споредба на старите и млади генерации на дизајнери.
Зад дизајнот стои дизајнерот и уметнички директор – Луке Тонге вработен во британската агенција Лајф. Првиот број е отпечатен на посебна Mohawk Superfine Eggshell Ultrawhite хартија. Ќе излегува двапати годишно.