Тинејџерка од Калифорнија го привлече вниманието на „Гугл“ со својот револуционерен изум благодарение на кој батериите ќе може да се полант за само 20 секунди.
Еша Каре (18) од Саратога за својот изум доби награда од 50.000 долари на Меѓународниот саем на наука и инженерство на Интел.
Повеќечасовното чекање за полнење на батериите наскоро може да стане минато благодарение на супер-кондензаторот на Каре, кој може да прими големо количество енергија во батеријата за многу кратко време. Ваквата батерија, има циклус од 10.000 полнења за разлика од класичните батерии кои траат до 1.000 полнења.
Каре за Ен-Би-Си изјави дека хемијата на нано ниво и овозможила голем напредок. Засега со новиот изум се напојувани само ЛЕД светилки, но во иднина со новите батерии би можеле да се опремат телефони, електрични автомобили и сите уреди што бараат полнење на батериите.
Изумот е флексибилен и мал, а „Гугл“ веќе направи контакт со 18-годишната девојка, покажувајќи интерес за нејзиниот конечен производ.