Тиквиците се еден од најчесто користените летни производи и содржат повеќе од една третина од препорачаното дневно количество на витамин Ц.
Овој антиоксиданс ги штити очите од оној вид на оксидативно оштетување, кое предизвикува очни болести, како на пример катаракта.
Освен тоа овој зеленчук содржи бета каротен, а голем број истражувања потврдиле дека храната збогатена со бета каротен го намалува ризикот од канцерогени заболувања и од болести на коронарните артерии.
Витаминот Ц во тиквиците штити од рак и срцеви болести и му помагаат на телото во одбрана од вирусни инфекции, додека калиумот ја одржува нормалната рамнотежа на телесните течности, нормалниот крвен притисок и работата на срцето.