Тик-Tок повеќе не е најпопуларна апликација во светот

Од:

Кинеската апликација Тик-Ток со месеци беше најпреземана апликација за „IPhone“, оваа апликација предизвика позитивни рекации особено кај помладата публика која се забавуваше преку неа од почетокот на пандемијата со коронавирус, кога и го забележа својот зенит во однос на другите социјални мрежи.

Но, денеска таа повеќе не е на врвот откако апликацијата Зум ја зазеде првата позиција во категоријата „Најпопуларна апликација“, открива аналитичката компанија „Sensor Tower“.

Досега, апликацијата Зум била преземена 94 милиони пати, додека Тик-Tок има повеќе од 70 милиони преземања.

Доколку преземањата од обете продавници – „App Store“ и „Google Play Store“ – се спојат, тогаш ќе забележиме дека апликациите Зум, Тик-Tок и видеоиграта „Pokemon GO“ припаѓаат на елитниот клуб на апликации што надмина повеќе од 300 милиони преземања од корисници ширум светот.

Би можело да ве интересира

Астрономска понуда за TikTok: Американски милијардер во трка за апликацијата

ТикТок ќе се забрани доколку некоја појава од инцидент прерасне во пракса, вели Андоновски

Маск: Не сум заинтересиран да го купам TikTok

Горан Наумовски

Трамп нареди создавање нов државен фонд: „Тој би можел да го купи TikTok“

Експертите предупредуваат: TikTok е многу опасен за менталното здравје на децата

А1он

Илон Маск е на потег: Трамп му даде зелено светло да го купи TikTok