„Тифани“ за првпат вметна фотографии на геј пар во маркетинг кампања

Од:

Новата маркетиншка кампања на Тифани под наслов – Сакаш ли? (Will You?) за првпат во своето постоење вметнува и фотографии од хомосексуален пар, јави Си-Ен-Ен.

Фотографиите за кампањата ги правел модниот фотограф Питер Киндберг и опфаќа седум фотографии на парови, а на едната се двајца мажи.

– Тој пар е претставен како седи на скали во Њујорк и тие се заедно и во животот, изјави Линда Бакли, претставник од Тифани.

Познатата компанија која прави накит, постои веќе 178 години.

Според нив, со маркетинг-кампањата во која се прикажани истополови парови се придружиле кој листата на брендови кои користат хомосексуални парови во промотивни материјали.

– Во денешно време многу работи се променија, а вистинската љубов може да се случи повеќепати и во различни облици, смета Бакли.

Би можело да ве интересира

Мет Дејмон продаде имот во Лос Анџелес за 18 милиони долари

Ана Ололовска

Се изнајмува стан уреден во стилот на „Кери Бредшо“

Ана Ололовска

Алиша Кис го покажа својот нов луксузен дом

Ана Ололовска

Стан-гаража во Загреб го привлече вниманието на многумина

Ана Ололовска

Мерилин Менсон ја продава вилата во Лос Анџелес за 1,75 милиона долари

Ана Ололовска

Нина Добрев го покажа својот реновиран дом во САД

Ана Ололовска