Поранешните телохранители на Џони Деп ја тужат холивудската ѕвезда тврдејќи дека премногу работеле, дека биле малку платени и дека често се чувствувале како негови дадилки, со оглед на тоа што го чувале глумецот повеќе отколку што тој се пазел себе си.
Јуџин Ареаола и Мигуел Санчез подигнаа тужба против глумецот со која што бараат пари, кои наводно Деп им ги должи.
Тие тврдат дека од април 2016 до јануари 2018 година не се платени за прекувремена работа и дека им бил ускратен одморот и хранарината.
Телохранителите тврдат дека тие ги чувале неговите деца и оти му бришеле дрога од лицето во ноќен клуб, пишува Дејли мејл.
Еден телохранител изјави дека морал да внимава на едно од децата на Деп, бидејќи тоа не живеело во истата куќа со глумецот.
Тие раскажуваат дека работата за холивудската ѕвезда била неподнослива.
Џони Деп се уште се нема огласено во врска со оваа тужба.