Докторот Дејвид Аламби, основач на очната клиника Фокус, верува дека паметните телефони се причина поради која видот кај луѓето се влошува.
Откако се појавиле на пазарот во 1997 година, бројот на лица со проблеми со краток вид пораснал за 35 отсто, а трендот ќе продолжи.
Освен телефоните, виновни се и компјутерите и телевизијата, а најмногу на ризик се изложени децата кои се повеќе раснат со екрани.
Еден од советите на докторот Аламби, е да се зголеми растојанието на кое се држат телефоните. Повеќето луѓе ги држат на околу 30 сантиметри од очите, а советот е тоа растојание да се зголеми на околу 40.